Submission #141

Етнички заедници
Центар за развој на општеството Милениум
www.mngo.tr.gg
milenium2015@t.mk
070/582-338
Ул. Ески Џами бб, 1238 Врапчиште
ВИЗИЈА
Центар за развој на општеството Милениум е институционално развиена невладина организација, глас на народот во регионот на Југоисточна Европа. Ние работиме кон целосна општествена интеграција, информирање, едукација, посредување, лобирање, партиципација, стратегиски истражувања и вклученост на Турската заедница во процесите на донесување на одлуки.

МИСИЈА
ЦРО Милениум ги анализира потребите на целната група и нуди алтернативни пристапи кон решавање на истите преку информирање, едукација, лобирање и застапување.
Центар за развој на општеството Милениум работи кон зајакнување на состојбата на турската заедница во Македонија, преку стратегиски истражувања и документирања, давање на препораки и реализација на активности кои придонесуваат за социјално, образовно, економско и општествено издигнување и интегрирање на турската заедница во Македонија.

СЕКТОРИ НА ДЕЛУВАЊЕ И СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ
ЦРО Милениум дефинираше 5 стратешки определби кои соодветствуваат на предходно дефинираната визија и мисија на организацијата. Направена е поделба преку стратешките определби која овозможува од една страна да се адресира потребата за континуиран внатрешен развој на ЦРО Милениум, а од друга страна, да се делува кон целната група.
Притоа, ваквиот концепт подразбира дека со внатрешното јакнење на ЦРО Милениум, се зголемуваат и позитивните ефекти од работата на ЦРО Милениум кон целната група. Сектори на делување на ЦРО Милениум се следните:
- развој на капацитети;
- неформално образование;
- човекови и малцински права;
- живо наследство;
- објективно информирање.
- Ромска хуманитарна организација
,,Месечина“ – Гостивар;
- АДИ – Гостивар;
- Центар за пермакултура и микроградба –
Гостивар;
- Ромска асоцијација за развој на
демократијата „Сонце“ – Тетово;
- Мултикултура – Тетово;
- Румели – Скопје;
- Организација на жени на општина
Маврови анови – Маврово;
- Македонско еколошко друштво – Скопје;
- Генч калемлер – Гостивар;
- „КХАМ“ - Делчево;
- Институт за развој на заедницата –
Тетово;
- Младинска алијанса – Тетово.
ЦРО Милениум до сега била и сѐ уште е членка на повеќе сојузи, неформални групи, мрежи, работни групи, чадор организации и меѓународни мрежи на НВО-и како што е на пример:
European Center for Minority Issues-Macedonia, Multicultural Youth Initiative, MATÜSİTEB, Иницијативи за Развој на Општеството, PHILIA Мрежа на Мултиетнички градови во Југоисточна Европа, Иницијатива за Стратешки Дијалог-ЕЦМИ, Мрежа за Образование - ЕЦМИ, Локална НВО Координација - Гостивар и други неформални работни групи.
Алинадир Карабатак
45
/