Submission #146

Деца, млади и студенти
Студентски Парламент на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии - Скопје
www.sp.feit.ukim.edu.mk
spfeit@feit.ukim.edu.mk
072/236-457
Руѓер Бошковиќ бб, Скопје

Студентски Парламент на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии - Скопје (СПФЕИТ - Скопје) е здружение формирано со слободно здружување на студентите, независно од нивната национална, верска, полова припадност заради остварување и вршење на активности со цел застапување на заеднички интереси пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Студентскиот интеруниверзитетски парламент и органите на Република Македонија, јавноста и јавното мислење.

Студентски Парламент на Факултетот, како здружение, своите цели, задачи и дејности ги остварува во согласност со односите уредени со Уставот на Република Македонија, сопствениот Статут, како и со други законски акти кои ја регулираат материјата од оваа област.

Основни цели и задачи на СПФЕИТ - Скопје се:
- Истражување во областа на образованието, без разлика на национална, верска и социјално економска припадност;
- Истражување, развој и афирмација на образовните програми за младите луѓе преку нивните индивидуални способности и посебности;
- Зближување на младите луѓе со помош на образовни програми со цел нивна поголема кооперативност и соработка во иднина;
- Организација на семинари, предавања, спортски приредби, концерти, натпревари, со цел подобро истражување и развој на образованието за групите на млади луѓе од етничките заедници застапени во Република Македонија;
- Истражување, развој и афирмација на образовните програми за граѓани на Република Македонија преку нивните индивидуални способности и посебности;
- Зближување на граѓаните на Република Македонија со помош на образовни програми со цел нивна поголема кооперативност и соработка во иднина;
- Организација на семинари, предавања, спортски приредби, концерти, натпревари, со цел подобро истражување и развој на образованието за граѓаните на Република Македонија;
- Помагање и посредување на граѓаните на Република Македонија преку нивните индивидуални способности и посебности;
- Потпомагање на размената на средношколци и студенти помеѓу држави и летни и зимски размени на млади луѓе со цел подобро запознавање, истражување и развој во образованието на другите народи.
Студентските парламенти при УКИМ, ЕЕСТЕК - ЛК Скопје, ИАЕСТЕ - Македонија, Бест - Скопје итн.
/
Анџело Лазаревски
100
/