Submission #49

Деца, млади и студенти
Заштита на правата на детето
www.zpd.org.mk
zpd.dci@gmail.com
02/2651-636; 071/227-663
ул. Виетнамска бр.49 Скопје
Здружението за заштита на правата на детето е невладина, непрофитна и непартиска организација. Својата активност ја темели на меѓународното право при имплементација на Конвенцијата за правата на детето која е донесена од Генералното собрание на Организацијата на Обединетите Нации на 20 ноември 1989 година, а во нашето законодавство е ратификувана во 1993 година. Основни принципи и цели на неговото работење се: имплементација на Конвенцијата за правата на детето во домашното законодавство и практика, подигање на нивото на свеста за правата на детето како и создавање на чувство на солидарност со првата на детето на светско ниво, да учествува во унапредување на механизмите за имплементација на заштитата на правата на детето како и решавање во конкретни ситуации, да го промовира најдобриот интерес на детето, недискриминација и еднаквост на можностите, заштита на правото на живот-опстанок, да пружа психо-социјална и правна помош и поддршка, да помага во нормалниот психо-физички развој и почитување на мислењето на детето и иницирање на проекти од областа на социјалната и правна заштита на правата на децата, малолетничката деликвенција, вклучување во интегративниот процес на децата итн.
Црвен Крст на Град Скопје, Х.Е.Р.А.-Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Хопс - Опции за здрав живот, Паблик, Волонтерски Центар-Скопје, СОС-Детско село, ЦСИ - Надеж, РЕЦ Амбрела, Ромски Ресурсен центар, Сумнал, Доблест, Здружение на млади правници, Отворете ги прозорците, Лајн Клуб (Phoenix), Центар за неформално образование - Триаголник, Организација за културна соработка „ Интеркултура“, Хуманитарна организација „Мир“.
Коалиција Сите за правично судење;
Македонска платформа против сиромаштија;
Regional network for children living and working on the street.
Проф.д-р Владимир Ортаковски
3
2