Консултативна средба за Предлог-одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор

Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата организира консултативна средба со граѓанскиот сектор за Предлог-одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор, што ќе се одржи на 20.10.2017 година (петок), од 11:30 до 14:00 часот, во Клубот на органите на управата (Клуб на пратеници) во Скопје.

Се покануваат сите заинтересирани граѓански организации со своето учество на овој настан да придонесат кон воспоставување функционален Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор, како една од клучните мерки што се однесуваат на граѓанското општество од Планот 3-6-9 на Владата на Република Македонија.

Во прилог е текстот на Предлог-одлуката .