Повик за учество во работна група за изработка на стратегија за соработка на владата со граѓанскиот сектор

Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија - Одделение за соработка со невладини организации ги повикува граѓанските организации активно да придонесат во подготвувањето на  Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2018-2020.

Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор е значаен документ кој ќе ги содржи основите за соработка на Владата на Република Македонија и органите на државната управа со граѓанските организации и мерките за обезбедување поволна средина за развој на граѓанскиот сектор. Со цел директно и суштинско учество на граѓанските организации во изготвувањето на овој стратешки документ, ќе се формира работна група составена од претставници на здруженија и фондации и од членовите на Mрежата на државни службеници за соработка со граѓанскиот сектор, кои активно ќе учествуваат со предлагање на цели, мерки и активности на Стратегијата.

Сите граѓански организации кои се заинтересирани да предложат свој претставник во работната група за изработка на Стратеијата, потребно е да пополнат Образец за пријава и најдоцна до 2.3.2018 година, да го достават на следната адреса:

Генерален секретаријат на Владата на Република Македонија

Одделение за соработка со невладини организации

бул.Илинден бр.2

1000 Скопје

или скениран да го достават по електронски пат на адреса: nvosorabotka@gs.gov.mk

 

Извештајот за преземените мерки и активности од Акцискиот план за спроведување на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2012-2017 е достапен на следниот линк:

http://www.nvosorabotka.gov.mk/sites/default/files/dokumenti/Izvestaj_zaAP2012-6_2017.pdf