Promovimi i projektit “Institucionalizimi i mëtejshëm i mekanizmave të strukturuar për bashkëpunim ndërmjet Qeverisë dhe sektorit civil”

На 13 март 2018 година, во просториите на ЕУ Информативниот центар беше промовиран почетокот на брзиот твининг проект „Понатамошно институционализирање на структурирани механизми за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор”. Целта на проектот е создавање подобрена средина за функционирање на граѓанскиот сектор, преку целосно оперативен Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор, како и изработка и усвојување на Акциски план (за периодот 2018-2020) за спроведување на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор. Проект е финансиран од ЕУ, со времетраење од 8 месеци и вредност од 250.000 евра.
Проектот го спроведува Владата на Република Хрватска - Канцеларија за соработка со НВОи, Агенцијата за централно финансирање и склучување договори и Министерството за финансии на Република Хрватска.

Очекувани резултати на Проектот се:
Компонента 1 - Поддршка на воспоставување на функционални институционални тела (Советот) за соработка меѓу Владата и граѓанскиот сектор

 

  • Активности:
  • Ревизија на Одлуката за формирање на Совет за соработка на Владата со граѓанскиот сектор и подготовка на препораки / измени за подобрување на Одлуката;
  • Подготовка на Деловникот за работа на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанското општество;
  • Подготовка на програми за обука и материјали за обука, организација на работилници и обука за пренос на знаење.

 

Компонента 2 - Зајакната соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор

 

  • Активности:
  • Ревизија на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор (2012-2017)
  • Подготовка на Акциски план за периодот 2018-2020 за имплементација на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор, со можен фокус на подзаконските акти и усогласување на соодветните прописи;
  • Изработка на препораки за постоечките нацрт документи поврзани со приоритетните мерки од Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор;
  • Подготовка на програми за обука и материјали за обука и организација на работилници за пренос на знаење;

 

Компонента 3 - Промоција на работата на Советот и на Акцискиот план на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор (2018-2020)

 

  • Активности:
  • Поддршка во организација на најмалку еден настан за подигнување на свеста за промовирање на работата на Советот и на Акцискиот план за Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор (2018-2020);
  • Поддршка и помош во организацијата на 3 средби со веќе воспоставени мрежи на граѓански организации со цел комуникација и пренесување на ставовите, вклучувајќи и повратни информации за Советот за соработка меѓу Владата и граѓанскиот сектор;
  • Поддршка и помош во организацијата на 3 средби со локалните власти, јавната администрација и граѓанските организации со цел претставување на новиот Акциски план 2018-2020 за спроведување на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор и размена на искуства во однос на соработката со граѓанскиот сектор.

 

За повеќе информации, ве молиме контактирајте на: twl-mk@udruge.vlada.hr

Albanian