Janë mbajtur takime me organizatat e shoqërisë civile dhe administratën e qytetit të Shkupit dhe komunës së Tetovës dhe Manastirit.

Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат, во соработка со Канцеларијата за соработка со НВО на Владата на Република Хрватска, во рамките на твининг проектот „Понатамошно институционализирање на структурирани механизми за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор“, финансиран од Европската Унија,  организираше средби со претставници на локалната администрација и граѓанските организации, со цел споделување на заеднички искуства во соработката со граѓанскиот сектор и презентација на Предлог-Акцискиот план 2018-2020 за спроведување на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор.

Средбите се одржаа во салата на Советот на општина Тетово на 4.9.2018 година, на град Скопје на 5.9.2018 година и на општина Битола на 7.9.2018 година. На средбите воведно обраќање имаше г-ѓа Весна Лендиќ Касало, заменик-директор на Канцеларијата за соработка со НВОи на Владата на Република Хрватска, која даде кратко резиме на целите и резултатите на проектот и го образложи инклузивниот процес на подготовка на Предлог-Акцискиот план 2018-2020 за спроведување на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, по што членовите на проектниот тим ги презентираа клучните мерки од Акцискиот план. 
Претставниците на локалната администрација ги споделија своите искуства во соработката на граѓанските организации и информираа за документите на општината и планираните активности во оваа област. Во текот на дискусијата претставниците на граѓанскиот сектор се интересираа за можностите за активното вклучување на граѓанските организации во процесот на креирање политики, за финансиска поддршка од буџетот на државата и европските фондови и за работата на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор.

 

      

 

Предлог-Стратегија

Предлог-Акциски план

 

Albanian