Submission #169

Рурален развој
Рурална Коалиција
http://rural.mk/
rkoalicija@gmail.com
078/303-735
ул.Јордан Пиперката бр.15 Кичево
Oваа невладина организација (НВО) е фокусирана на подобрување на квалитетот на животот на земјоделците и руралното население, како и иницирање и реализација на акции за локален и регионален развој. Исто така, организацијата презема активности за застапување и лобирање со цел да влијае на политиките на национално ниво, но и на локално ниво, а се со цел да се обезбеди рамномерен регионален развој во земјата и еднакви можности за рурален развој, вклучувајќи ги економските, социјалните и човековите права на земјоделците и руралното население.

Цели на дејствување:
1.Подобрување на квалитетот на живеење на луѓето во руралните средини во Република Македонија
2.Унапредување на демократските процеси и транспарентноста на државните и јавните институции, преку следење на реализацијата на програмите и средствата на државно ниво кои се наменети за земјоделците и за развој на руралните подрачја
3.Јакнење на капацитетите, знаењата и можностите за делување на земјоделците и руралното население, како и унапредување на степенот на социјална инклузија во општеството
4.Влијание на политиките на национално и локално ниво, со цел да се овозможи рамномерен регионален развој во Република Македонија и еднакви можности за напредок на руралните средини
5.Јакнење на капацитетите на организацијата и граѓанските организации - партнери на организацијата
6.Застапување на интересите на членовите, следење на состојбите кои ја засегаат целната полулација и известување за промените и последиците,
7.Социјален развој и социјална интеграција на руралното население преку квалитетно неформално образование
Вмрежување со национални и меѓународни организации заради размена на искуства, пренесување на нови знаења и јакнење на моќта и влијанието на организацијата на национално и меѓународно ниво.
Коалицијата соработува речиси со сите сродни граѓански организации, но исто така и со организации, платформи, мрежи кои што можат да го унапредат и прошират дејствувањето на организацијата, како што се право, родова еднаквост, младински политики, социјална инклузија итн.
Рурална Коалиција како организација е составена од над 30 здруженија – членки кои што на партнерска основа дејствуваат заедно со Рурална Коалиција во остварување на целите на Коалицијата, со што и самата претставува мрежа на организации. Дополнително, Коалицијата како организација е дел од ИПА механизмот на граѓански организации, членка на ЦепроСАРД, Мрежа за рурален развој, Slow food, Граѓанска алијанса за транспарентност итн.
Лилјана Јоноски
5
2