Jump to Navigation

Одржана работилница за членовите на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, за оперативно планирање

На 6 јуни 2018 година, во Клубот на органите на управата во Скопје, се одржа работилница/обука за членовите на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор,  која беше посветена на оперативното планирање на работата на Советот, запознавање и соработка помеѓу членовите.

Експертите од проектниот тим ги презентираа хрватските искуства во организирањето на работата на Советот, а потоа членовите работеа во мали работни групи со цел дефинирање на приоритети во работењето на Советот.

Членовите на Советот ги посочија позитивните искуства од заедничата соработка и разговараа за предизвиците и можностите со кои се соочуваат. На крајот, беа дефинирани приоритетните области за успешна работа на Советот.

Работилницата беше спроведена во рамките на брзиот твининг проект "Понатамошно институционализирање на структурирани механизми за соработка помеѓу  Владата и граѓанскиот сектор "

Галерија

твининг проект ИПА 2013:


Одделение за соработка со невладини организации

на Генералниот секретаријат на Владата

Бул: Илинден бр.2

1000 Скопје, Република Мекедонија

Телефонски број: 02/3118022 локал 191 или 307

nvosorabotka@gs.gov.mk

Спроведување на стратегија

Финансиска поддршка

Предлози од граѓански сектор

Copyright © 2015 nvosorabotka.gov.mk

 

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат

без посебна дозвола со наведување на изворот.

Book | by Dr. Radut