Jump to Navigation

Одржан завршен настан за проектот „Понатамошно институционализирање на структурирани механизми за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор”

На 6.9.2018 година, во просториите на ЕУ Инфо центарот во Скопје, беше одржан завршен настан на брзиот твининг проект „Понатамошно институционализирање на структурирани механизми за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор”, финансиран од Европската Унија. Присутните на настанот беа поздравени од страна на г-ѓа Весна Лендич Касало, заменик-директор на Канцеларијата за соработка со НВОи и г-ѓа Нирвана Соколовски, раководител на сектор во Агенцијата за централно финансирање и склучување на договори во Владата на Република Хрватска, амбасадорката на Република Хрватска во Република Македонија, г-ѓа Данијела Баришиќ, г-ѓа Сузана Никодијевиќ Филиповска, раководител на Сектор за анализа на политики и координација од Генералниот секретаријат и г-ѓа Ирена Иванова, програмски менаџер во Делегацијата на ЕУ. По воведните обраќања, беа презентирани резултатите на проектот, меѓу кои: воспоставувањето на функционален Совет за соработка со и развој на граѓанскиот, подготовката на Предлог-Акцискиот план 2018-2020 за спроведување на Стратегија на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор преку инклузивен процес на јавни консултации и одржувањето на повеќе работилници, јавни расправи и други настани за претставниците на органите на државната управа, граѓанските организации и локалната самоуправа.

   

 



Одделение за соработка со невладини организации

на Генералниот секретаријат на Владата

Бул: Илинден бр.2

1000 Скопје, Република Мекедонија

Телефонски број: 02/3118022 локал 191 или 307

nvosorabotka@gs.gov.mk

Спроведување на стратегија

Финансиска поддршка

Предлози од граѓански сектор

Copyright © 2015 nvosorabotka.gov.mk

 

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат

без посебна дозвола со наведување на изворот.

Book | by Dr. Radut