Jump to Navigation

Консултативни средби за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020

Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат организира консултативни средби со граѓанскиот сектор за Предлог-Стратегијата на Владата на Република Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020, што ќе се одржат во Скопје на 16.4.2018 година (понеделник), од 12:00 до 15:00 часот, во Клубот на органите на управата (бул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.45) и во Битола на 19.4.2018 година (четврток) од 11:00 до 14:00 часот во Салата за седници на Советот на општина Битола (бул.1ви Мај бр.61).

Се покануваат сите заинтересирани граѓански организации своето учество на овие настани да го пријават на e-mail: nvosorabotka@gs.gov.mk најдоцна до 16.4.2018 до 10:00 часот.

Во прилог е текстот на Предлог-Стратегијата и Предлог-Акцискиот план.

Мислење и предлози може да се достават на nvosorabotka@gs.gov.mk до 30.4.2018 година.

Датум на објава: 
Wednesday, April 11, 2018


Одделение за соработка со невладини организации

на Генералниот секретаријат на Владата

Бул: Илинден бр.2

1000 Скопје, Република Мекедонија

Телефонски број: 02/3118022 локал 191 или 307

nvosorabotka@gs.gov.mk

Спроведување на стратегија

Финансиска поддршка

Предлози од граѓански сектор

Copyright © 2015 nvosorabotka.gov.mk

 

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат

без посебна дозвола со наведување на изворот.

Book | by Dr. Radut