Jump to Navigation

Одржани консултативни средби за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020

Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија – Одделение за соработка со невладини организации, организираше консултативни средби за Предлог-Стратегијата на Владата на Република Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020,  со цел граѓанските организации со свои предлози и идеи да придонесат кон донесувањето на новата Стратегија, како една од клучните мерки што се однесуваат на граѓанското општество од Планот 3-6-9 на Владата на Република Македонија. Консултативните средби, на кои присуствуваа вкупно 88 претставници на граѓански организации и на органите на државната управа, се одржаа на 16 април 2018 година во Клубот на органите на управата во Скопје и на 19 април 2018 година во салата на Советот на општина Битола. На средбите учествуваа и претставници од Канцеларијата за соработка со НВОи на Република Хрватска, кои го спроведуваат твининг проектот „Понатамошно институционализирање на структурирани механизми за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор“.

Писмените предлози за Предлог-Стратегијата на Владата на Република Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020 можат да се достават до е-маил адресата на Одделението за соработка со невладини организации - nvosorabotka@gs.gov.mk, најдоцна до 30 април 2018 година.

 

Предлог-Стратегија

Предлог-Акциски план

Презентација на Предлог-Стратегијата

Презентација на Предлог-Акцискиот план

Извештај од консултативната средба во Скопје

Извештај од консултативната средба во Битола

Галерија

 

твининг проект ИПА 2013:


Одделение за соработка со невладини организации

на Генералниот секретаријат на Владата

Бул: Илинден бр.2

1000 Скопје, Република Мекедонија

Телефонски број: 02/3118022 локал 191 или 307

nvosorabotka@gs.gov.mk

Спроведување на стратегија

Финансиска поддршка

Предлози од граѓански сектор

Copyright © 2015 nvosorabotka.gov.mk

 

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат

без посебна дозвола со наведување на изворот.

Book | by Dr. Radut