Jump to Navigation

Промоција на почетокот на проектот „Понатамошно институционализирање на структурирани механизми за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор”

На 13 март 2018 година, во просториите на ЕУ Информативниот центар во Скопје беше промовиран почетокот на брзиот твининг проект „Понатамошно институционализирање на структурирани механизми за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор”, финансиран од Европската унија. Проектот го спроведува Владата на Република Хрватска - Канцеларија за соработка со НВОи, Агенцијата за централно финансирање и склучување договори и Министерството за финансии на Република Хрватска. Раководителот на проектот од земјата членка, г-ѓа Весна Лендич Касало, имаше презентација на проектот чија основна цел е создавање на подобрена средина за функционирање на граѓанскиот сектор, преку целосно оперативен Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор, како и изработка и усвојување на Акциски план (за периодот 2018-2020) за спроведување на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор. Исто така членовите на проектниот тим од земјата членка имаа можност да се претстават пред присутните. Г. Тахир Хани, заменик на генералнот секретар на Владата на Република Македонија, во своето обраќање истакна дека Владата е посветена на воспоставување партнерски односи со грѓанскиот сектор. Г.  Никола Бертолини, раководител на Одделот за соработка во Делегацијата на Европската унија, ја истакна потребата од изработка на реален стратешки документ за развој на граѓанското општество, со конкретни цели и мерки. Ја изрази силната поддршка на Делегацијата на Европската унија за спроведување на проектните активности, особено формирањето на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор.

твининг проект ИПА 2013:


Одделение за соработка со невладини организации

на Генералниот секретаријат на Владата

Бул: Илинден бр.2

1000 Скопје, Република Мекедонија

Телефонски број: 02/3118022 локал 191 или 307

nvosorabotka@gs.gov.mk

Спроведување на стратегија

Финансиска поддршка

Предлози од граѓански сектор

Copyright © 2015 nvosorabotka.gov.mk

 

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат

без посебна дозвола со наведување на изворот.

Book | by Dr. Radut