Дебата Зајакнување на соработката меѓу Владата и граѓанското општество

На 4.9.2024 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар, во Скопје, се одржа дебата на тема Зајакнување на соработка меѓу Владата и граѓанското општество. На настанот, дискусијата беше фокусирана на овозможувачката средина за развој на граѓанското општество - моментална состојба и идни чекори.

Генералниот секретар на Владата г. Игор Јанушев во своето обраќање истакна дека граѓанските организации се срцето на секоја демократска држава. Тие се гласот на народот, каналот преку кој граѓаните ги изразуваат своите потреби, идеи и визии. За да може овој глас да биде доволно силен и влијателен потребна е поддршка, разбирање и координирана соработка со државните институции. Владата е свесна за оваа потреба и за важноста на градењето на партнерски односи со граѓанскиот сектор.

Приоритет на Владата, во периодот 2024-2028, е поддршка на инклузивен, независен и професионален граѓански сектор, кој е партнер на институциите во креирањето и реализацијата на стратешките цели на државата:

  • Почитување на принципот на сигурност и одговорност
  • Отвореност и транспарентност
  • Динамично и инклузивно општество

Преку овие заложби на Владата, во соработка и партнерство со граѓанските организации, ќе ја градиме државата како просперитетна, праведна и динамична демократија.

 

Macedonian