За советот
Primary tabs
Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество е советодавно тело на Владата за унапредување на соработката, дијалогот и поттикнување на развојот на граѓанското општество во Република Северна Македонија. Советот ја следи и анализира јавната политика која влијае на околината во која се развива граѓанското општество; иницира донесување на нови или изменување и дополнување на постојните прописи за унапредување на правната и институционалната рамка за делување на организациите; дава мислење по предлози на закони, стратегии, програми и други правни акти кои се однесуваат или влијаат на развојот и на делувањето на граѓанското општество; спроведува активности за подигање на свеста за промовирање на култура на соработка и партнерство; учествува во подготовката и го следи спроведувањето на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанското општество и Акцискиот план за спроведувањето на Стратегијата, преку разгледување на квартални извештаи за напредокот на спроведувањето на Стратегијата; дава мислење на годишно ниво за реализација на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанското општество; ја следи и анализира вклученоста на организациите во процесот на креирање на јавната политика преку доставените извештаи за спроведени консултации од страна на органите на државната упава и дава препораки за нејзино унапредување; дава предлози при планирањето на областите и специфичните приоритети за финансирање на активности на организациите од Буџетот на Република Северна Македонија, врз основа на елаборирана секторска анализа на надлежните органи на државната управа; ги разгледува годишните извешта на Владата и органите на државната управа за финансираните програми и проекти на организациите и дава препораки; разгледува предлози поднесени од организации и зазема ставови по прашања поврзани со овозможувачка средина за организациите; номинира претставници на граѓанското општество во советодавни и работни тела; усвојува годишен извештај за својата работа за претходната година, што го објавува на веб страната на Генералниот секретаријат - организациона единица за соработка со граѓанското општество и го доставува до Владата и јавноста за информирање. Административно-техничките работи на Советот ги врши Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата.