2.2
Primary tabs
ПОДГОТОВКА НА НОВА НОРМАТИВНА РАМКА ЗА ДАНОЧНИОТ ТРЕТМАН НА НЕПРОФИТНИ ОРГАНИЗАЦИИ, СОГЛАСНО ПРЕПОРАКИТЕ И ЗАКЛУЧОЦИТЕ ОД СПРОВЕДУВАЊЕТО НА АКТИВНОСТА
Водечка институција |
Министерство за финансии |
Институции учеснички |
/ |
Рок на спроведување |
2019, 1во тромесечје |
Индикатори |
1. Подготвени се измени на закони (и/или подзаконски акти) во однос на даночниот третман на непрофитни организации |
РЕАЛИЗИРАНО
Преземени активности во 2018 и 2019, по индикатори:
Во декември 2018 донесен е Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка („Службен весник на РМ“ бр.248/18), со кој во член 4-а се регулира даночниот третман на организациите регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, како обврзници за пресметување и плаќање на данокот на вкупен приход за приходите од вршење на стопанска дејност.
Во тек е изработка на подзаконските акти со кои ќе се овозможи граѓанските организации да известуваат за износите на вкупните приходи од непрофитна дејност, како и за вкупните приходи од стопанските дејности остварени во текот на деловната година.
Дополнителни информации:
Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка