16.1
Primary tabs
ИДЕНТИФИКУВАЊЕ И АКТИВНО ВКЛУЧУВАЊЕ НА ТЕМАТСКИТЕ МРЕЖИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО РАБОТНИ ГРУПИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРОПИСИТЕ И СТРАТЕШКИТЕ ДОКУМЕНТИ
Водечка институција |
Генерален секретаријат - Одделение за соработка со невладини организации |
Институции учеснички |
/ |
Рок на спроведување |
2018, 4то тромесечје; постојано |
Индикатори |
1. Направена е анализа/преглед на постојните тематски мрежи/платформи на граѓанските организации и нивната структура 2. Број на претставници од постојните тематски мрежи на граѓанските организации кои учествуваат во работните групи на органите на државната управа |
СПРОВЕДЕНО
Преземени активности по индикатори:
На иницијатива на Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат, во рамките на програмата „Национален ресурсен центар за граѓански организации“ (финансиран од Европската Унија, а спроведуван од МЦМС, Медиа плус Штип и АДИ Гостивар) во декември 2018 година подготвен е Извештај од анкета за идентификација на мрежите во државата, во кој е содржан преглед на 69 тематски мрежи на граѓански организации.
За подготовка на Акциски план 2020 за реализација на Националната стратегија за млади во 2019 Агенцијата за млади и спорт формираше 5 работни групи (Младинско учество, младинско информриање и младинска работа; Образование и вработување; Култура; Здравје и спорт; Квалитет на живот) во кои учествуваат претставници на граѓански организации, пријавени на Јавен оглас.
Дополнителни информации:
Објавен Извештај од анкетата за идентификација на мрежите на граѓанските организации
Извештај од анкета за идентификација на мрежите во Република Македонија