8.1

АНАЛИЗА НА РЕГУЛАТИВАТА ВО ДОМЕНОТ НА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ, СО ЦЕЛ ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА СПЕЦИФИКИТЕ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ КАКО РАБОТОДАВАЧ

8.2 ИЗРАБОТКА НА ИЗМЕНИ НА РЕГУЛАТИВАТА СОГЛАСНО ПРЕПОРАКИТЕ ОД АНАЛИЗАТА

 

Водечка институција

Министерство за труд и социјална политика

Институции учеснички

Агенција за вработување на Република Македонија

Рок на спроведување

2019, 3то тромесечје

Индикатори

1. Број на одржани јавни консултации или тркалезни маси

2. Број на граѓански организации вклучени во јавните консултации и тркалезни маси

3. Број на координативни состаноци со релевантните државни институции

4. Одржана е тематска седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

5. Објавена е анализата на регулативата во доменот на работните односи, со цел препознавање на спецификите на граѓанските организации како работодавач, со препораки

 

1. Усвоени измени на регулативата согласно препораките од анализата

 

РЕАЛИЗИРАНО                                    

 

Преземени активности во 2018 и 2019, по индикатори:

Во 2018 и 2019  се овозможи граѓанските организации да користат дел од мерките за вработување кои се дел од оперативните планови за програми и мерки за вработување.

На 23.4.2019 година, во рамките на проектот „Промени за одржливост‟ финансиран од ЕУ и спроведуван од Конект, Фондацијата Аполонија и Центарот за даночна политика се одржа Конференција за закони по мерка на граѓанските организации, на која меѓу другото се одржа информативна сесија и дискусија за регулативата во однос на улогата на работодавач на граѓанските организации и активните мерки за вработување. 

Со Законот за практиканство, донесен во мај 2019 („Службен весник на РСМ“ бр.98/19), се уредува постапката и условите за остварување на практикантство, правата и обврските на практикантот и на работодавачот кај кој се реализира практикантската работа, договорот за практикантска работа и евиденцијата на практикантска работа. Со донесувањето на овој закон се овозможува граѓанските организации да ангажираат практиканти.       

 

Дополнителни информации:

Закон за практикантство

Од 107-мата седница на Владата: Донесен Предлог-закон за практиканство

 

 

Macedonian
Мерки:
Статус: