12.1

ПОДОБРУВАЊЕ НА БАЗАТА НА РЕГИСТРИРАНИ ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР, КАДЕ ТРЕБА ДА БИДАТ ПРОШИРЕНИ ЈАВНО ДОСТАПНИТЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕГИСТРИРАНИТЕ ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

 

Водечка институција

Централен регистар на Република Македонија

Институции учеснички

/

Рок на спроведување

2018, 4то тромесечје

Индикатори

1. Слободно и отвoрено достапни се основните податоци за регистрираните субјекти во Централниот регистар на РМ (ЕМБС, назив, адреса, правна форма (организационен облик), датум на основање, големина, статус (активен/неактивен/во постапка за утврдување/избришан), дополнителни информации (во стечај/во ликвидација) и дејност (шифра и опис)

 

СПРОВЕДЕНО                                         

 

Преземени активности по индикатори:

Проширен е обемот на објавени податоци кои се слободно и отворено достапни на веб-страницата на Централниот регистар, што покрае основни податоци за граѓанските организации кои се однесуваат на податоците за ЕМБС, ЕДБ, назив, правна форма (организационен облик) содржи и останати податоци како што се адреса, датум на основање, големина, статус (активен/неактивен/во постапка на утврдување  на статус/избришан), дополнителни информации (во стечај/во ликвидација), дејност (шифра и опис). Исто така, во тек  е редизајн на интернет порталот на Централниот регистар по најнови стандарди. Новиот портал ќе овозможи попрегледен интерфејс за корисниците се со цел да имаат полесен пристап до информации, сервисно ориентиран каталог со услуги преку кој крајните корисници ќе можат лесно да пристапат до услуги. Порталот ќе овозможи напредно пребарување на основни типови податоци како и разни типови на информации од јавен карактер како и објави од Едношалтерски систем, информации за достапните услуги, услуги од типот на потврди и други податочни документи.  

 

Дополнителни информации:

На веб-страницата на Централниот регистар на РМ на едноставен начин се врши пребарување на правните субјекти по ЕМБС, на следниот линк.

 

Macedonian
Мерки:
Статус: