13.1
Primary tabs
ВОСПОСТАВЕН Е КОМУНИКАЦИСКИ СИСТЕМ И ПРАКСА ЗА РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА ЗА ПОДДРШКА НА РАЗВОЈОТ НА ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР НА ЛОКАЛНО НИВО
Водечка институција |
Министерство за локална самоуправа |
Институции учеснички |
Генерален секретаријат - Одделение за соработка со невладини организации Заедница на единиците на локалната самоуправа |
Рок на спроведување |
2018, 4то тромесечје; постојано |
Индикатори |
1. Организиран е најмалку еден состанок квартално за размена на добри практики меѓу органите на централно и локално ниво (на пример, јавно финансирање, учество во процесот на креирање политики) 2. Број на донесени локални документи и други механизми за соработка со граѓанските организации |
РЕАЛИЗИРАНО
Преземени активности во 2018 и 2019, по индикатори:
1.Во септември 2018 организирани се средби на Одделението за соработка со НВО со граѓански организации и претставници на локалната администрација на град Скопје (5.9.2018) и општините Битола(7.9.2018) и Тетово (4.9.2018), со цел споделување на заеднички искуства во соработката со граѓанскиот сектор и презентација на Предлог-Акцискиот план 2018-2020 за спроведување на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор. Во ноември 2019 год. со цел воспоставување на редовна пракса на широки консултации за утврдување на приоритетите за финансирање на граѓанските организации, Одделението за соработка со НВО во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), организираше три консултативни средби со граѓански организации во Скопје (12.11.2019 година), Битола (14.11.2019 година) и Штип (15.11.2019 година) за предлог-приоритетните цели за Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2020 год, критериумите и постапката за распределба на средства.
2. Во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD), која е финансирана од Европската Унија, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) подготвени се 5 анализи (за секоја партнерска општина поединечно: Гостивар, Кавадарци, Куманово, Ресен и Струмица) чија цел е да дадат насоки како Mетодологијата за јавна, транспарентна и отчетна распределба на средства од општинските буџети во корист на граѓански организации може да биде прилагодена, институционално прифатена и практично применета од општините во земјава. Со цел да се зајакнат капацитетите на локалната администрација за ефикасно,транспарентно и базирано на проекти финансирање на ГО од општинските буџети, во рамките на ReLoD се организирани 5 модули на кои учесниците од 5те општини беа запознаени со LOD методологијата и со најдобрите практики. Во рамките на 3те јавни повици за ГО беа организирани обуки за во секоја од 5те партнерски општини. Целта на обуките беше да им се подобрат знаењата и вештините потребни за подготовка на проекти во рамките на ReLOaD но и при аплицирање на други проекти. Дополнително, беа организирани и менторски средби (по 4 дена во секоја општина) на кои ГО под водство на ментор ги разработуваа своите проекти во согласност со насоките од повикот. Одобрени се вкупно 38 проекти, финансирани и подготвени согласно утврдената методологија и најдобрите пракси кои што се во фаза на имплементација и резултатите ќе бидат измерени во наредниот период.
Дополнителни информации:
2. Regional Programme on Local Democracy in the Western Balkans (Project summary)
Промовирани четири проекти во рамките на ReLOaD во општина Ресен
Во Струмица се одржа инфо ден со граѓанските организации за поднесување предлог проекти