20.2

СОРАБОТКА СО ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ПРИ РЕАЛИЗИРАЊЕ НА НАСТАВНИ ПРОГРАМИ, КРОСКУРИКУЛАРНИ/ИНТЕГРИРАНИ СОДРЖИНИ И ВОННАСТАВНИ АКТИВНОСТИ ПОВРЗАНИ СО ДЕМОКРАТИЈА И ГРАЃАНСКО ОБРАЗОВАНИЕ

 

Водечка институција

Министерство за образование и наука

Институции учеснички

Биро за развој на образованиетоЦентар за стручно образование и обука

Рок на спроведување

2019,4то тромесечје; постојано

Индикатори

1. Број на училишта поддржани во соработка со граѓански организации во реализацијата на наставни програми, кроскурикуларните/интегрираните содржини и воннаставните активности поврзани со демократија и граѓанско образование

2. Изработка на ресурси потребни за успешна реализација на наставата поврзана со темите демократија и граѓанско образование и нивно поставување  на интернет портал/веб страна на образовна институција и граѓанска организација 

3. Број на граѓански организации вклучени во реализација на наставни програми, кроскурикуларни/ интегрирани содржини и воннаставни активности поврзани со демократија и граѓанско образование

 

 

СПРОВЕДЕНО

 

Преземени активности во 2018 и 2019, по индикатори:

Изготвени се нови наставни програми за Граѓанско образование  за 8-мо и 9-то одделение и наставна програма за Граѓанско образование за средно образование. Во текот на 2019  изготвен е  Прирачник за наставници за 9 - одделeние. Изготвна е Концепција за Граѓанско образование каде се дефинирани компетенции што учениците треба да ги постигнат од областа на граѓанско образование на крај на средното образование и на крај на секој период од основното образование. Истите компетенции учениците ќе ги постигнат во рамките на наставните предмети по граѓанско образование  во основно и средно образование, меѓупредметно и во рамките на воннаставните активности.
Во реализацијата на активностите Бирото за развој на образованието во 2018 и 2019 соработуваше со Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), Младинскиот образовен форум (МОФ) и Коалицијата на младински организации СЕГА.  
Министерството за образование и наука во 10.2018 формираше работна група со претставници на граѓански организации (Коалиција СЕГА, МОФ и Прва детска амбасада во светот Меѓаши) за поддршка, развој, оспособување и помош на средношколските заедници и средните училишта. Предлозите на организациите се земаат предвид во процесот на измени на Законот за средно образование. Истите организации учествуваат во работата и на работната група за студентско демократско организирање, односно за поддршка на студентските парламенти на сите универзитети. Во периодот септември-декември 2018, со Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ одржани се три семинари со МОН, БРО и ДПИ за мирно образование, односно образование без конфликти.
Во 2019 год. во соработка со  детската фондација Песталоци спроведено е истражување за воннаставните активности и врз основа на заклучоците изготвена е  Концепција за Воннаставни активности со што е овозможено да се организират, планират и реализираат компетенциите за граѓанско образование како воннаставни активности. Во процесот на соработка помеѓу ЦСОО и Град Скопје, а во насока на инклузија, кохезија и поголема блискост помеѓу учениците, во пет струки, во четири стручни училишта следена е реализацијата на над 60 училишни часови заедничка билингвална настава по стручни предмети во насока на зближување, кохезија, соработка, јакнење доверба кај учениците кои наставата ја следат на различен наставен јазик.                                                                                                                                                                                                                                                           Министерството за информатичко општество и администрација, заедно со МОН, Мисијата на ОБСЕ и Фонфацијата Метаморфозис, на 21.11.2019 спроведоа еднодневна обука за сајбер безбедност за 60 ученици од 2 основни училишта, 20 наставници и 17 родители, дако дел од активностите за зголемување на свеста и основните познавање во областа на сајбер безбедноста на учениците во основните и средните училишта.

 

Дополнителни информации:

1. Започна процесот за унапредување на наставата по граѓанското образование

    Продолжува унапредувањето на наставата по граѓанско образование

2. Нов концепт на Граѓанско образование

    Наставна програма по граѓанско образование за VIII одделение

 

 

Macedonian
Мерки:
Статус: