22.1
Primary tabs
ПОСТОЈАНО ИНФОРМИРАЊЕ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПРОГРАМИРАЊЕТО И СЛЕДЕЊЕТО НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА ФОНДОВИТЕ ЗА ПРЕТПРИСТАПНАТА ПОМОШ
Водечка институција |
Секретаријат за европски прашања |
Институции учеснички |
Министерство за финансии - Сектор за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД) |
Рок на спроведување |
2018, 3то тромесечје; постојано |
Индикатори |
1. Информации поврзани со програмирање и следењето на искористеноста на фондовите за претпристапната помош редовно се објавуваат на интернет-страницата на Секретаријатот за европски прашања |
СПРОВЕДЕНО
Преземени активности во 2018 и 2019, по индикатори:
Информации за напредокот во програмирањето и следењето се добиваат на состаноците на секторските работни групи и секторските мониторинг комитети каде членуваат преставници на граѓанските организации. Програмите кои се во фаза на програмирање се објавуваат јавно на страницата на Секретаријатот за европски прашања по нивното одобрување од страна на Евриопската комисија и донесувањето на Финансиската спогодба. Министерството за локална самоуправа, во рамките на имплементацијата на ИПА инструментот за прекугранична соработка, организираше консултативни средби со граѓански организации во функција на реализација на новата Програма за прекугранична соработка со Србија, како и за реализација на јавните повици за проекти во рамките на Програмите за прекугранична соработка со Албанија и Бугарија. Во првиот квартал на 2019 формирана е 10-та Секторска работна група за локален и регионален развој, во која се вклучени претставници на граѓанскиот сектор. Потпишан е меморандум за соработка со конзорциум на невладини организации во рамки на проектот „Дијалог со граѓанските организации- Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“. Граѓанските организации се вклучени во сите секторски работни групи каде се спроведува програмирањето. Ваков меморандум е потпишан на 20.12.2019 помеѓу Министерството за информатичко општество и администрација и Фондацијата отворено општество Македонија во рамките на Секторската работна група за РЈА. Во рамките на Секторската работна група за транспорт во текот на 2019 Министерството за транспорт и врски оствари средби со ЛАГ Агро лидер, Институт за социолошки истражувања и одржлив развој ИСИОР и Еко-свест Скопје.
Дополнителни информации:
Инструмент за претпристапна помош – ИПА (2007-2013)