25.2

УСВОЈУВАЊЕ НА ЗАКОНСКА, ИНСТИТУЦИОНАЛНА И ФИНАНСИСКА РАМКА ЗА ПРАВНО ПРЕПОЗНАВАЊЕ И РАЗВОЈ НА СОЦИЈАЛНОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

 

Водечка институција

Министерство за труд и социјална политика

Институции учеснички

Биро за јавни набавкиМинистерство за финансии

Рок на спроведување

2019, 1во- 2ротромесечје 2020 година

Индикатори

1. Анализа на потребните промени во законската, институционалната и финансиската рамка за развој на социјалното претприемништво

2. Спроведени се консултации со засегнатите страни

3. Подготвена е законска рамка за развој на социјалното претприемништво (Закон за социјално претприемништво)

4. Воведени се резервирани јавни набавки за граѓанските организации и за социјалните претпријатија во Законот за јавните набавки

 

СПРОВЕДЕНО                                        

 

Преземени активности во 2018 и 2019, по индикатори:

Со Законот за социјална заштита, донесен во мај 2019 година („Службен весник на РСМ“ бр.104/19),  се утврдени социјалните услуги кои може да ги даваат здруженија, условите и постапката за доделување средства за давање социјални услуги и се воведуваат управни договори за давање на социјални услуги. Со овој закон на директен начин се поттикнува развојот на социјални претпријатија во делот на обезбедување на социјални услуги.  Консултациите по Предлог на закон за социјална заштита се спроведоа преку ЕНЕР, а се одржаа и неколку јавни расправи.   Предлогот на закон беше разгледан и на 7-та седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, одржана на 26.11.2018.

Во втората половина на 2020 ќе започне имплементација на проект финансиран од ЕУ, за поддршка на развој на социјално претприемништво. Подготовката на Предлог-закон за социјално претприемништо се планира за 2021 година.

Во Закон за јавни набавки, донесен во јануари 2019 год. („Службен весник на РСМ“бр.24/19), во член 29 предвидени се резервирани јавни набавки за економски оператори  чија основна цел е општествена и професионална интеграција на лицата со попреченост или на лицата од социјално ранливите групи и кои ја реинвестираат добивката за таа цел согласно закон. Овие одредби се применуваат на граѓански организации и социјални претпријатија.

 

Дополнителни информации:

Нов Закон за социјална заштита

 

Macedonian
Мерки:
Статус: