26.1

ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА СИСТЕМ НА ФИНАНСИСКИ СТИМУЛАЦИИ ЗА РАЗВОЈ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

 

Водечка институција

Министерство за труд и социјална политика

Институции учеснички

Министерство за економија

Рок на спроведување

2019, 1во - 2ротромесечје Постојано

Индикатори

1. Број на јавни повици за финансирање предлог-проекти од локални, национални средства и средства од ЕУ чија цел е иницирање, постигнување и одржување на солвентноста на иницијативите за социјално претприемништво

2. Број на граѓански организации кои успешно спровеле проекти финансирани од локални, национални извори и извори од ЕУ

3. Развиени и усогласени системи на локално и национално ниво кои предвидуваат конкретни мерки за финансиски стимулации за развој на иницијативи за социјално претприемништво на граѓанските организации

4. Број на социјални претпријатија формирани од страна на граѓанските организации преку спроведените проекти

 

ВО ТЕК                                        

 

Преземени активности по индикатори:

Министерството за економија во 2018 година преку Мерката 6. Кофинансирање на проекти за развој и поддршка на МСП и промоција на претприемништвото од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2018, од вкупно 7 кофинансирани проекти на граѓански организации, 2 се за социјално претприемништво и тоа: Здружение Конект Скопје
Проект : „Иновативен модел за поддршка на социјалното претприемништво“ - 174.119,00 денари и Здружение на граѓани за истражување, комуникации и за развој „ПАБЛИК“ – Скопје, Проект : “Развој на мрежа на социјални претпријатија во Македонија “  - 200.000,00 денари.
Во 2019 година, Министерството за економија обезбеди финансиска помош за развој на претприемачки вештини кај граѓанските организации за социјално претприемништво преку Програмата за конкурентност и иновации за 2019 година, мерка 1.2 Кофинансирање на проекти за развој и поддршка на мали средни претпријатија и промоција на претприемништвото во вредност од 4.500.000 денари, но за жал ниту една граѓанска организација не аплицирала со ваков проект. 
Октомври 2020 започна реализација на ИПА  проект „Поддршка на социјалното претприемништво“, кој предвидува создавање на поволна и кохерентна правна, регулаторна, финансиска поддршка и рамка за мониторинг на социјалните претпријатија, воспоставување, организација и управување на структура за поддршка на социјални претпријатија со локални центри за поддршка, јакнење на капацитетите  за социјалното претприемништво. Приоритети во овој проект се  техничка и финансиска помош на воспоставени и нови социјални претпријатија. Траење на проектот е 2 години. 

Macedonian
Мерки:
Статус: