27.1
Primary tabs
ПОДГОТОВКА НА НОВ ЗАКОН ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА СО ЦЕЛ ДА СЕ ВОВЕДАТ СОЦИЈАЛНИ ДОГОВОРИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УСЛУГИ ФИНАНСИРАНИ ОД ДРЖАВАТА
Водечка институција |
Министерство за труд и социјална политика |
Институции учеснички |
/ |
Рок на спроведување |
2019, 1во - 2ро тромесечје |
Индикатори |
1. Формирана е работната група за подготовка на нов Закон за социјална заштита 2. Спроведени се јавни консултации за Предлогот на Закон за социјална заштита 3. Подготвен е Предлог на Закон за социјална заштита, што вклучува одредби за социјални договори за обезбедување на услуги финансирани од државата |
СПРОВЕДЕНО
Преземени активности во 2018 и 2019, по индикатори:
Со Законот за социјална заштита, донесен во мај 2019 година („Службен весник на РСМ“ бр.104/19), се утврдени социјалните услуги кои може да ги даваат здруженија (социјални услуги во домот, социјални услуги во заедницата, освен услуги за ресоцијализација на деца во ризик и ресоцијализација на деца во судир со законот, услуги на вон-семејна заштита, освен установа за прифат на баратели на азил, воспитна установа и групен дом за деца во ризик, услуги на информирање и упатување, услуги на стручна помош и поддршка и услуги на советување), условите и постапката за доделување средства за давање социјални услуги и се воведуваат управни договори за давање на социјални услуги.Консултациите по Предлог на закон се спроведоа преку ЕНЕР, а се одржаа и неколку јавни расправи. Предлогот на закон беше разгледан и на 7-та седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, одржана на 26.11.2018.
Дополнителни информации: