30.2
Primary tabs
Градење на капацитетите на граѓанските организации за спроведување на програми и проекти за волонтерство
Водечка институција |
Национален Совет за промовирање и развој на волонтерството |
Институции учеснички |
/ |
Рок на спроведување |
2019, 4то тромесечје |
Индикатори |
1. Број на јавни повици за финансирање на проекти на граѓанските организации кои поттикнуваат волонтерство 2. Број на успешно спроведени проекти за поттикнување на волонтерството финансирани од локални, национални извори и извори од ЕУ 3. Број на волонтери вклучени во проектните активности |
СПРОВЕДЕНО
Преземени активности во 2018 и 2019, по индикатори:
Агенцијата за млади и спорт во четвртиот квартал 2018 објави Јавен повик за финансиска поддршка на младински организации. На повикот аплицираа 60 проекти, а се финансирани 8 проекти во кои се промовира волонтерството. Агенцијата за млади и спорт продолжи со поддршка на младинското граѓанско општество, иницијативите и креативното изразување на мислењата и ставовите на младите и во 2019 врз основа на два огласи за финансиска поддршка на здруженија и фондации додели вкупно 4.700.000 денари на 18 организации (од вкупно пријавени 126). Агеницата за млади и спорт во 2019 ангажираше волонтери за реализација на проектите „Сгоп на пороците кај младата популација“ со едукативни работилници во основните училишта, промоција на „Европска младинска картичка“ и проектот „Младинско учество и младински политики“.
Дополнителни информации:
Објавен ОГЛАСОТ за финансиска поддршка на здруженија и фондации