31.3
Primary tabs
МОНИТОРИНГ НА ДОНАЦИИТЕ ОД ПРИВАТНИОТ СЕКТОР
Водечка институција |
Министерство за финансии |
Институции учеснички |
/ |
Рок на спроведување |
2019, 1во тромесечје |
Индикатори |
1. Ревидирани се обрасците за даночните пријави за приватниот сектор (како и тие за поединци - граѓани) со цел да содржат и податоци за донациите до граѓанските организации 2. Годишно се објавува извештај за даночни олеснувања кај приватниот сектор (вклучително и за поединци - граѓани) поради обезбедени донации на граѓанските организации |
СПРОВЕДЕНО
Преземени активности во 2018 и 2019, по индикатори:
Во декември 2018 се донесе Правилникот за формата и содржината на пополнетата годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход, начинот на доставување на пополнетата годишна даночна пријава од страна на органот за јавни приходи и начинот на потврдување од страна на даночниот обврзник ,во прилог на кој беше пропишан образецот на годишната даночна пријава „ПДД-ГДП“. Во пријавата, полето кое се однесува на дадените донации се наоѓа по полето за вкупно пресметаниот годишен данок, така што износот на пресметаниот годишен данок се намалува за износот на дадените донации.