Одржана работилница со Работната група за изработка на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество

На ден 14.9.2021 година се одржа работилница со Работната група за изработка на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2021-2024.

Целта на работилницата беше разгледување на коментарите на експертите од проектот „Техничка поддршка за унапредување на овозможувачката околина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија.

За следните чекори во подготовката на Стратегијата и Акцискиот план експертите препорачаа: да се спроведете анализа на основните причини за приоритетните проблеми (за да се осигури дека се утврдени соодветни извори на проблемите и се формулирани правилни цели); да се дискутира достапноста на податоците и да се формулираат основните/целните вредности за избраните показатели за исходот (и влијанието); да се приоретизираат активностите (да бидат ориентирани кон реформи и иновативни, но исто така реални во дадено време) и да се договори пристапот за проценка на трошоците за активностите.

 

 

Macedonian