Одржан состанок со Работната група за изработка на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество
Primary tabs
На 7.10.2021 година се одржа состанок на Работната група за изработка на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2021-2024. Целта на состанокот беше разгледување на третиот нацрт на Стратегија, во кој се инкорпорирани поголем дел од препораките на проектот „Техничка поддршка за унапредување на овозможувачката околина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, презентирани на работилницата одржана на 14.9.2021 година. Присутните членови на Работната група искажаат задоволство од ажурираниот текст на Стратегијата и се обврзаа да достават конкретни предлози за дополнување на текстот на Акцискиот план од 14.10.2021 година, со цел отпочнување на пошироки консултации со граѓанските организации во втората половина на октомври оваа година.