Јавен повик за учество на еден претставник на граѓанското општество во Секторската комисија за уметност

Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, на барање на Одборот за национална рамка на квалификации, објавува Јавен повик за учество на еден претставник на граѓанското општество во Секторската комисија за уметност. Кандидатите за член на Секторската комисија за уметност потребно е да ги исполнуваат условите содржани во јавниот повик и да бидат поддржани од организации кои се регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и фондации најмалку три години пред објавувањето на јавниот повик, а во статутот имаат утврдено дејности и цели во областа на културата и уметноста. Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mk со назнака „Пријава за Секторска комисија за уметност“ најдоцна до 12 ноември 2021 година.

 

Јавен повик

Пријава

 

Macedonian