7.1.

7.1.Консултации со граѓанските организации и другите непрофитни организации за идентификување на најсоодветниот модел на сметководство имајќи ги предвид спецификите на непрофитните субјекти

Показатели

Број на спроведени консултативни средби; Број на консултирани граѓански организации

Надлежна институција

Министерство за финансии,

Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Рок на спроведување

2 квартал 2022

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

Активностите за подготовка на законот ќе се вршат во рамките на редовните работни задолженија на вработените и одобрените средства во буџетот. Потенцијална донаторска поддршка во делот на јавни консултации и информативни сесии

Статус:

Преземени активности:

Во рамките на проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија, дистрибуиран е Прашалник за финансиско управување и сметководствен систем за НВО и подготвена е Анализа и предлози поврзани со правната рамка за сметководство за граѓанските организации во Република Северна Македонија, во која се презентирани поврзаните регулативи на ЕУ, сметководствени стандарди за граѓански организации во земјите членки на ЕУ и правната рамка за сметководство за граѓанските организации во Република Северна Македонија. Во прилог на Анализата е презентирано сметководството и финансиското известување за граѓански организации во избрани земји на ЕУ (Германија, Франција, Холандија, Норвешка, Шпанија, Ирска, Естонија, Чешка, Словенија, Бугарија и Хрватска) и за Србија. 

Дополнителни информации:

Активноста е реализирана во 2024. На 5.3.2024 во Скопје (х.Солун) се одржа Стручна тркалезна маса за правната рамка за сметководство на непрофитни организации, со учество на претставници на Министерство за финансии, Управа за јавни приходи, Централен регистар на РСМ, Институтот на сметководители и овластени сметководители на Македонија, Институтот на овластени ревизори како и сметководители и финансиски менаџери во граѓански организации. 

Undefined