20.2.

20.2.Анализа за можностите за флексибилни работни ангажмани кога граѓанските организации вработуваат лица од ранливи категории – корисници на социјална помош како дел од нивното социо-економско интегрирање

Показатели

Подготвена анализа за можностите за флексибилни работни ангажмани кога граѓанските организации вработуваат лица од ранливи категории-корисници на социјална помош како дел од нивното социо-економско интегрирање

Надлежна институција

Министерство за труд и социјална политика,

Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Рок на спроведување

1 квартал 2023

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

Активностите ќе се вршат во рамките на редовните работни задолженија на вработените и одобрените средства во буџетот и со потенцијална донаторска поддршка во делот на подготовка на анализи

Статус: Реализирано

Преземени активности: Во рамките на проектот Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија,   финансиран од ЕУ, по спроведено истражување (прашалник дистрибуиран до граѓански организации) подготвен е документ „Граѓанските организации како работодавачи – справување со клучните предизвици во законодавството“ кој содржи општ преглед на правната рамка, клучни области кои можат да ја подобрат позицијата на граѓанските организации како работодавачи и план за консултации кој ги вклучува сите релевантни чинители во процесот на изнаоѓање на најдобри решенија за подобрување на позицијата на граѓанските организации како работодавачи.

Дополнителни информации:

Undefined