25.2.
Primary tabs
25.2. Усвоена процедура и документација за транспарентно спроведување на постапка и финансирање на проекти од страна на единиците на локална самоуправа, во реализација на граѓанските организации
Показатели |
Број на организирани обуки за граѓански организации и за општини и број на општини со целосно усвоена постапка за транспарентно финансирање на проекти за граѓанските организации; Број на граѓански организации корисници на средства согласно усвоените процедури; Број на јавни и транспарентни повици објавени од страна на општините |
Надлежна институција |
Министерство за локална самоуправа, Генерален секретаријат-организациона единица за соработка со граѓански организации |
Рок на спроведување |
4 квартал 2024 |
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање |
Проект за развој на локалната демократија РеЛОаД, финансиран од Европската унија, спреведуван од УНДП |
Статус: Во тек
Преземени активности:
Организирани се 5 обуки за 429 граѓански организации со 582 учесници и 2 обуки за 13 општини со 55 учесници. Во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (фаза 1 и 2), единаесет општини имаат усвоено методологија за јавна, транспарентна и отчетна распределба на средства од општинските буџети во корист на граѓанските организации: Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци, Ресен, Битола, Гевгелија, Охрид, Кочани, Крива Паланка и Велес. Куманово и Гостивар се општини кои што учествуваат и во првата и во втората фаза од Програмата. Објавени се вкупно 5 јавни повици за проекти. 75 граѓански организации се корисници на средства, согласно утврдената методологија и се реализирани 88 проекти.
Дополнителни информации: