26.1.
Primary tabs
26.1. Анализа на можностите за обезбедување на услуги финансирани од државата во областа на образованието, здравството, културата, младите, руралниот развој и друго од страна на граѓанските организации
Показатели |
Одржани се јавни дебати за можностите за обезбедување услуги финансирани од државата во областа на образование, здравство, култура, млади и друго, од страна на граѓанските организации; Дадени се заклучоци и препораки за регулирање на условите и начинот на обезбедување на услуги финансирани од државата во областа на образование, здравство, култура, млади, рурален развој и друго, од страна на граѓанските организации; Број на регистрирани младински работници |
Надлежна институција |
Министерство за образование и наука, Министерство за здравство, Министерство за култура, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенција за млади и спорт |
Рок на спроведување |
4 квартал 2023 |
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање |
Не се потребни дополнителни финансиски средства. Активностите ќе се вршат во рамките на редовните работни задолженија на вработените и одобрените средства во буџетотПроект за развој на локалната демократија РеЛОаД, финансиран од Европската унија, спреведуван од УНДП |
Статус: Во тек
Преземени активности:
На јавниот повик за финансиска поддршка на младински организации за 2022 на Агенцијата за млади и спорт, финансиран е проект за обука на работници со млади, која заврши во 2023 година, а на учесниците им беа доделени сертификати за стекнато звање - работник со млади. Како дел од истиот проект е формирана и база на оценувачи на квалитетот на услугите на младинските центри и извршено е пилотирање на оценувањето.
Дополнителни информации: