Совет за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и граѓанскиот сектор

Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 17 мај 2016 година, донесе Одлука за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор, како една од најзначајните мерки за зајакнување на институционалната рамка и практики на соработка, содржани во Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор (2012-2017).

 

Советот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и граѓанскиот сектор е советодавно тело на Владата за унапредување на соработката, дијалогот и поттикнување на развојот на граѓанскиот сектор во Република Македонија, надлежно да: го следи спроведувањето на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор и Акцискиот план за спроведувањето на Стратегијата; го поттикнува унапредувањето на соработката и градењето на партнерски односи на Владата и органите на државната управа со граѓанскиот сектор; ја следи и анализира јавната политика која се однесува и/или влијае на граѓанскиот сектор; иницира донесување на нови или изменување и дополнување на постојните прописи за унапредување на правната и институционалната рамка за делување на организациите; дава мислење по предлози на закони, стратегии, програми и други правни акти кои се однесуваат или влијаат на развојот и на делувањето на граѓанскиот сектор; ја следи и анализира вклученоста на организациите во процесот на креирање на јавната политика и дава препораки за нејзино унапредување; дава предлози при планирањето на приоритетните области за финансирање на активности на организациите од Буџетот на Република Македонија, ги разгледува годишните извешта на Владата и органите на државната управа за финансираните програми и проекти на организациите и дава препораки.

 

Административно-техничките работи на Советот ги врши Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија – Одделение за соработка со невладини организации.

 

ДОКУМЕНТИ:

Macedonian