Одржана работилница за членовите на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од граѓанските организации, за ефективна комуникација

На 7 јуни 2018 година, во Националниот ресурсен центар за граѓански организации во Скопје, се одржа работилница/обука за членовите на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, наменета за претставниците од граѓанските организаии. Работилницата беше посветена на зајакнување на капацитетите на членовите за комуникација со граѓанските организации од секторите кои тие ги претставуваат во Советот, како и  комуникација помеѓу членовите.

Eкспертите на проектниот тим ги презентираа хрватските искуства во врска со работата на Советот во делот на комуницирањето, како со граѓанските организации, така и со јавноста.  Во рамките на работилницата, присутните отворија дискусија за клучните предизвици и можности за воспоставување на ефективна комуникација со граѓанските организации од областа која тие ја претавуваат во Советот, а се работеше и на комуникациски план.  

Работилницата беше спроведена во рамките на брзиот твининг проект "Понатамошно институционализирање на структурирани механизми за соработка помеѓу  Владата и граѓанскиот сектор ".

Галерија

Macedonian