Јавен повик за избор на седум претставници од граѓанскиот сектор во ИПА мониторинг комитетот за следење на напредокот во спроведувањето на ИПА 2014-2020

Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, согласно заклучоците од 12. седница одржана на 22.05.2019 година, а на барање на Секретаријатот за европски прашања, објавува Јавен повик за избор на седум претставници од граѓанскиот сектор во  ИПА мониторинг комитетот за следење на напредокот во спроведувањето на ИПА 2014-2020. Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 3 јуни 2019 година. Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mk.

 

Јавен повик за избор на седум претставници од граѓанскиот сектор  во ИПА мониторинг комитетот за следење на напредокот во спроведувањето на ИПА 2014-2020

 

Пријава за кандидат за претставник од граѓанскиот сектор во ИПА мониторинг комитетот

Macedonian