Национална награда за волонтерство за 2015 година
Primary tabs
Националниот совет за развој на волонтерството и Министерството за труд и социјална политика доделуваат Национална награда за волонтерство за 2015 година.Наградата се доделува во четири категории:
- награда за волонтер на годината (физичко лице);
- награда за организатор на волонтерска работа (правно лице);
- награда за волонтерска практика (правно лице);
- награда за медиуми (правно лице).
Апликациите за пријавување со критериумите за селекција достапни се на http://mtsp.gov.mk/sovet-za-volonterstvo-ns_article-nacionalna-nagrada-za-volonterstvo-za-2015-godina.nspx. Пријавите се доставуваат преку електронска пошта со забелешка: Пријава за Национална награда за волонтерство 2015 година на адреса:alicoska@mtsp.gov.mk или по пошта (во затворен плик) со забелешка: Пријава за Национална награда за волонтерство 2015 година на адреса: Министерство за труд и социјална политика, ул „Даме Груев“ бр. 14, 1000 Скопје, најдоцна до 19 ноември 2015 година, до 16:00 часот.