Јавен повик за избор на претставници од граѓанскиот сектор во работна група за изработка на предлог-план на мерки, активности и динамика за спроведување на процесот на проверка (ветинг) на вработените во Министерството за внатрешни работи
Primary tabs
Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, по барање на Министерството за внатрешни работи, согласно заклучоците од 148. седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 30.07.2019 година, објавува Јавен повик за избор на тројца претставници од граѓанскиот сектор во работна група за изработка на предлог-план на мерки, активности и динамика за спроведување на процесот на проверка (ветинг) на вработените во Министерството за внатрешни работи. Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 23 август 2019 година. Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mk.