Јавен повик за избор на три членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор на седницата одржана на 28.10.2019 година констатира дека на членот во областа „Медиуми и информатичко општество“ на лично барање му престанува членувањето во Советот, а на седницата одржана на 25.11.2019 година, Советот констатира дека на членовите во областите „Заштита на маргинализираните лица“ и „ЕУ интеграции и политики“ им престанува членувањето во Советот поради отсуство од три седници во текот на една година, согласно член 9 став 1 алинеја 2 од Одлуката за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор („Службен весник на РМ“ бр. 98/2016, 164/2017 и „Службен весник на РСМ“ бр. 97/2019).

Јавниот повик се објавува за избор на три членови на Советот од редот на здруженијата и фондациите, од кои по еден член за областа ,„Заштита на маргинализираните лица“,„Медиуми и информатичко општество“ и „ЕУ интеграции и политики“. Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 31.01.2020 година.

Јавен повик 

Пријава 

Macedonian