Консултативен процес за Предлог-Стратегија за Роми 2022-2030

Водејќи се од заложбите кои произлегуваат од Познан декларацијата за земјите од Западен Балкан за интеграција на Роми во рамки на процесот на проширување на ЕУ,  како и заклучоците од средбата на министрите за Инклузија на Роми во октомври 2020, Република Северна Македонија го започна процесот на изработка на нова Национална Стратегија за Роми 2022 – 2030 по насоките дадени во Стратешка Рамка на ЕУ за Ромите.

Во таа насока, со цел директно и суштинско учество на граѓанските организации во изготвувањето на Стратегијата за Роми, Владата отвори широк консултативен процес преку кој ги вклучи сите заинтересирани граѓански организации со свои предлози за мерки и активности кои сметаат дека треба да претставуваат дел од политиките на Владата за интеграција на Ромите.

Во насока на финализирање на процесот на изработка на нова Национална Стратегија за Роми 2022 – 2030 по насоките дадени во Стратешка Рамка на ЕУ за Ромите, со цел повторно директно и суштинско учество на граѓанските организации во изготвувањето на Стратегијата за Роми и потребата од широк консултативен процес, повторно и во рамките на финализирањето на документот  ги повикуваме сите заинтересирани граѓански организации активно да се вклучат со свои предлози за мерки и активности кои сметаат дека треба да претставуваат дел од политиките на Владата за интеграција на Ромите. 

Пополнетиот образец, потпишан од застапникот на организацијата, го очекуваме најдоцна до 26 декември 2021 година, по електронски пат на адреса: e elvis.memeti@vlada.gov.mk, со назнака: „Предлог за Стратегијата на Роми 2022-2030“.

 

Предлог-стратегија за Роми 2022-2030

Образец за предлог мерки и активности

Macedonian