Одржана 3. седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество
Primary tabs
На 24.12.2021 година се одржа Третата седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество. На оваа седница, Советот ја разгледа и донесе Програмата за работа на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество за 2022 година. Советот утврди позитивно мислење по Предлог-Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2022 година, подготвена од Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат и препорача Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците да ја следи добрата практика на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија за транспарентен процес на распределба на средствата наменети за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите. Советот констатира престанок на учество во работата на Татјана Стоименовска, член на Советот од областа Родова еднаквост, на лично барање. На барање на Министерството за образование и наука, Советот ги номинираше Димитар Низамовски, член на Советот од областа Образование, наука и доживотно учење и Далиборка Златева, член на Советот од областа Заштита на маргинализираните лица, за член и заменик-член во Управувачкиот одбор на проектот „Подобрување на квалитетот на образованието“ NEAR/SKP/2021/EA-RP/0053.