Стратешка цел 8. Развој на социјално претприемништво
|
Показател на влијание
Оперативна цел 18. Создавање на поттикнувачко правно окружување за социјално претприемништво
|
Показател на успешност
18.1.Усвојување на законска, институционална и финансиска рамка за правно препознавање и развој на социјалното претприемништво (Закон за социјални претпријатија во широк консултативен процес којшто ќе го препознае целиот спектар на социјални претпријатија и ќе овозможува нивно правно препознавање и развој, а нема да го ограничува нивното работење; Вклучување на социјалните претпријатија со правна форма на здружение или фондација во: програмите за поддршка на микро, мали и средни претпријатија вклучително и старт-ап (во рамки на програмите на Министерство за економија, Агенцијата за развој и поддршка на претприемништвото, Фондот за иновации, Министерство за земјоделство во доменот на рурален развој итн.); Овозможување на граѓанските организации што вработуваат лица со попреченост да се стекнат со статус на заштитно друштво согласно Законот за вработување на инвалидни лица; Поттикнување и поддршка на институциите на централно и локално ниво да ги користат можностите за резервирани јавни набавки и договори согласно Законот за јавни набавки; Надминување на правните пречки за функционирање на социјалните претпријатија (фискални и даночни аспекти, пристап до финансии и сл.)
Оперативна цел 19. Промоција, градење на капацитетите и обезбедување финансиска помош за граѓанските организации за развој на социјално претприемништво
|
Показател на успешност
19.1.Поддршка на програми и активности за промоција и едукација за социјалното претприемништво и социјалните претпријатија
19.2.Воспоставување на систем за финансиски стимулации за развој на иницијативи за социјално претприемништво на граѓанските организации
19.3.Градење на капацитетите на граѓанските организации коишто се дел од еко-системот за развој на социјалните претпријатија
Стратешка цел 9. Препознавање на спецификите на граѓанските организации како работодавач
|
Показател на влијание
Оперативна цел 20. Препознавање на спецификите на граѓанските организации како работодавач во правната регулатива, оперативните програми и социјалниот дијалог
|
Показател на успешност
20.1.Учество на граѓанските организации во имплементација на активните програми и мерки за вработување
20.2.Анализа за можностите за флексибилни работни ангажмани кога граѓанските организации вработуваат лица од ранливи категории – корисници на социјална помош како дел од нивното социо-економско интегрирање
20.3. Само-организирање на страните на социјалниот дијалог во граѓанското општество односно здружување на граѓанските организации како работодавачи и синдикално здружување на вработените во граѓанските организации
20.4. Анализа на компаративни искуства за учество на граѓанските организации во работата на Економско социјалниот совет
Стратешка цел 10. Промовирање и развој на волонтерството
|
Показател на влијание
Оперативна цел 21. Подобрување на правната рамка за промовирање и развој на волонтерството
|
Показател на успешност
21.1. Измена на Законот за волонтерство со цел зголемувањае на граѓанскиот ангажман и волонтерство
Оперативна цел 22. Поттикнување на волонтерски активности и финансиска поддршка за граѓанските организации кои го промовираат волонтерството
|
Показател на успешност
22.1.Организирање на промотивни активности за зголемување на волонтерството кај граѓаните
22.2.Градење на капацитетите на граѓанските организации за спроведување на програми и проекти за волонтерство
Стратешка цел 11. Поттикнување на граѓаните и деловниот сектор за поддршка и придонес за развој на граѓанското општество
|
Показател на влијание
Оперативна цел 23. Унапредување на правната рамка за донации и спонзорства во јавните дејности за олеснување на донирањето кон граѓанските организации
|
Показател на успешност
23.1.Подготовка на измени на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности со учество на претставници на граѓански организации во работната група
23.2. Јавни консултации и дебати со граѓанските организации, институции и други засегнати страни за измените на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности
23.3. Доставување на измени на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности (владина процедура)
23.4.Подготовка на измени на подзаконските акти согласно усвоените измени на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности
23.5. Градење на капацитетите на институциите, граѓанските организации, компаниите и граѓаните за доследна примена на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности
Оперативна цел 24. Поттикнување на соработката на граѓанските организации со бизнис секторот и промовирање на филантропијата
|
Показател на успешност
24.1.Градење на капацитетите на граѓанските организации за соработка со бизнис секторот и прибирање на донации од домашни извори
24.2.Промовирање на донирањето кон граѓанските организации
Стратешка цел 12. Зголемување на учеството на граѓанските организации за обезбедување услуги за потребите на заедницата
|
Показател на влијание
Оперативна цел 25. Развој на граѓанското општество на локално ниво и јакнење на соработката со граѓанските организации на локално ниво
|
Показател на успешност
25.1. Зајакнати капацитети на локалната администрација и на граѓанските организации за институционална и транспарентна соработка преку реализација на заеднички проекти
25.2. Усвоена процедура и документација за транспарентно спроведување на постапка и финансирање на проекти од страна на единиците на локална самоуправа, во реализација на граѓанските организации
Оперативна цел 26. Подобрување на условите, вклучително и капацитетите на граѓанските организации за обезбедување услуги на национално и локално ниво, со еквивалентен квалитет како и останатите даватели на услуги
|
Показател на успешност
26.1. Анализа на можностите за обезбедување на услуги финансирани од државата во областа на образованието, здравството, културата, младите, руралниот развој и друго од страна на граѓанските организации
26.2. Развивање на мрежа на социјални услуги во локалната заедница и вклученост на граѓанските организации како даватели на социјални услуги
26.3. Воспоставување на функционален и долгорочен механизам за финасирање на активностите од Програмата за заштита на населението од ХИВ кои ги спроведуваат граѓанските организации