10.1

10.1. Поттикнување на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) преку спроведување јавни кампањи за можностите за користење на ЕНЕР

Показатели

Број на спроведени јавни кампањи за можностите за користење на ЕНЕР; Процент на предлог-закони објавени на ЕНЕР; Процент на предлог-закони објавени на ЕНЕР за кои е почитуван рокот за консултации од 20 дена; Процент на предлог-закони за кои се доставени коментари на ЕНЕР од граѓански организации

Надлежна институција

Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество,

Генерален секретаријат-организациона единица за соработка со граѓански организации

Рок на спроведување

4 квартал 2022, континуирано

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

Не се потребни дополнителни финансиски средства. Активностите ќе се вршат во рамки на редовните работни задолженија на вработените и во рамките на одобрените средства во буџетот

Статус:

Преземени активности:

Во периодот 5-7.6.2023 во Гостивар, Штип и Битола, над 50 граѓански организации учествуваа на трите информативни сесии организирани од Граѓанскиот ресурсен центар на тема „Учество на граѓанските организации во креирање политики“, на кои  беа споделени и наодите од извештајот „Огледало на Владата: Учество на јавноста во процесите на подготовка на законите, Годишен извештај од следење на ЕНЕР во 2022 година” (https://rcgo.mk/vesti/preku-gragansko-uchestvo-vo-kreiranje-politiki-do-...). Согласно Годишниот извештај за спроведување на процесот на проценка на влијанието на регулативата-ПВР за 2022 година, подготвен од Министерството за информатичко општество и администрација, од  68 предлози на закони утврдени од страна на Владата во 2022 година кои подлежат на ПВР, 27 предлози на закони или 40%  биле објавен на ЕНЕР, а за 17 предлози на закони или 25% е испочитуван рокот за консултации од 20 дена до доставување на барање за мислење од  МИОА (согласно Методологијата за ПВР). Според Извештајот за процесот на консултации при подготовка на предлог-закони, користење на ЕНЕР и други механизми за соработка со граѓанските организации во 2022 година, подготвен од Генералниот секретаријат, од 24 предлози на закони објавени на ЕНЕР, за 11 предлози на закони (47,83%) се доставени вкупно 43 коментари од засегнати страни, од кои 10 (23,26%) се доставени од страна на граѓански организации за 5 предлози на закони. Според Нацрт-извештајот за процесот на консултации при подготовка на предлог-закони, користење на ЕНЕР и други механизми за соработка со граѓанските организации во 2023 година, од 37 предлози на закони објавени на ЕНЕР, за 22 предлози на закони (59,46%) доставени се 139 коментари, од кои 19 коментари (13,67%) се од граѓански организации за 10 предлози на закони. 

Дополнителни информации:

Undefined