15.1.

15.1. Воспоставување на сеопфатен едукативен превентивен механизам во основното и средното образование, во рамки на граѓанското образование, со цел прифаќање на различностите и рано надминување на предрасудите

Показатели

Воспоставен сеопфатен едукативен превентивен механизам во рамки на граѓанското општество;

Надлежна институција

Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество,

Министерство за образование и наука,

Министерство за внатрешни работи

Рок на спроведување

4 квартал 2022

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

Потенцијална донаторска поддршка

Статус: Реализирано

Преземени активности:

Со поддршка на Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) развиен е нов Концепт за граѓанско образование во основно образование кој е одобрен од Бирото за развој на образованието (БРО) и усвоен од Министерството за образование и наука (МОН) како водечки документ за поттикнување на граѓанска култура. Врз основа на Концептот ревидирани се наставните програми за граѓанско образование за осмо и деветто одделение основно образование, како и наставната програма за прва година средно стручно образование. Новите наставни програми се применуваат во сите основни и средни стручни училишта. Заедно со ревидираната наставна програма,развиени се и материјали за предавање и учење. Повеќе од 450 наставници се обучени да предаваат согласно новите наставни програми.                                       Во рамки на реформата на основното образование, започната во 2021 година, изготвени се нови наставни програми за трето и шесто одделение,  кои  се применуваат во настава од учебната 2023/2024 (од септември 2023) и нови наставни програми за седно одделение кои ќе се применуваат од учебната 2024/2025. Во текот на целиот процес на изработка на програмите, работните групи се консултираа и со експерти од области на коишто се темели новата Концепција за основно образование: родовата еднаквост, инклузивноста и мултикултурализмот, како и за заштитата на животната средина, почитување и заштита на правата и слично. Во секоја од новите наставни програми има подглавје ,,Инклузивност,  родова  рамноправност/сензитивност,  интеркултурност  и  меѓупредметна  интеграција”,  во кое е наведено дека при избор на дополнителни материјали во наставата се користат илустрации и примери кои се родово и етнички/културно сензитивни и поттикнуваат родова рамноправност, односно промовираат интеркултурализам.

Дополнителни информации:

Undefined