23.1.

23.1.Подготовка на измени на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности со учество на претставници на граѓански организации во работната група

Показатели

Подготвен е предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности со учество на претставници на граѓанските организации во работната група

Надлежна институција

Министерство за правда, Министерство за финансии

Рок на спроведување

1 квартал 2022

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

Активностите ќе се вршат во рамките на редовните работни задолженија на вработените и одобрените средства во буџетот. УСАИД Проект „Партнерствa за донирање“

Статус: Реализирано

Преземени активности:

Работната група за изработка на Закон за изменување и дополнување на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, формирана во март 2022 и координирана од Министерството за правда, со вклучени претставници на Министерството за образование и наука, Министерството за економија, Генералниот секретаријат на Владата, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за култура, Министерството за финансии, Управата за јавни приходи, Министерството за локална самоуправа, Министерството за животна средина и просторно планирање, претставници на граѓанските организации (Здружение Конект Скопје, Здружение за поддршка на развојот на граѓанското општество и локалните заедници ХОРУС Скопје, Македонско здружение на млади правници Скопје, Банка за Храна МК) и  Американската стопанска комора во Северна Македонија, во 2023 година одржа 4 состаноци. Подготвен е Предлог на закон за даночните поттикнувања за донации и спонзорства во активностите од јавен интерес, што е доставен на мислење до надлежните институции и на 15.1.2024 е објавен за консултации на ЕНЕР.

Дополнителни информации:

Undefined