Одржан состанок на Мрежата на државни службеници за соработка со граѓанското општество
Primary tabs
На 01.03.2022 година Одделението за соработка со невладини организации организираше online состанок на Мрежата на државни службеници за соработка со граѓанското општество. Целта на состанокот беше информирање на членовите на Мрежата за усвоената Стратегија на Владата на Република Северна Македонија за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акцискиот план 2022-2024 и утврдување на План за следење на спроведување на Стратегијата, преку квартални извештаи за информирање на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество и годишни извештаи за информирање на Владата. На состанокот беше разгледан образецот за подготовка на квартален извештај, а присутните претставници на ресорните министерства информираа за преземените и планирани активности чиј рок за спроведување е првиот квартал од 2022 година.