Одржан состанок на Работната група за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации
Primary tabs
Работната група за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации во соработка со проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија, го одржа својот втор состанок, во вид на полудневна работилница.
На состанокот беа презентирани Извештајот за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации од Владата, органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа во 2021 година, подготвен од Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат и Анализата на клучните наоди од прашалниците за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации, подготвена од Игор Видачак, експерт ангажиран од проектот.
Членовите на работната група дискутираа за можните опции за формирање на Фонд за поддршка и развој на граѓанското општество и кофинансирање на ЕУ проекти и потребата од одржување заеднички состанок со Работната група за подготовка на измени на Законот за здруженија и фондации.