Консултации за подготовка на нова Стратегија за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2018-2020

Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор е значаен документ кој ги содржи основите за соработка на Владата и органите на државната управа со граѓанските организации и мерките за обезбедување поволна средина за развој на граѓанскиот сектор.

Извештајот за преземените мерки и активности од Акцискиот план за спроведување на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор (2012-2017), подготвен од Одделението за соработка со невладини организации во септември оваа година, претставува осврт на реализираните активности и оценка на актуелноста на нереализираните мерки и ќе се користи како почетен документ при подготовка на новата стратегија. Во овој процес, како основа ќе се користат анализите и стратешките документи на граѓанските организации, како што се Предлогот на граѓанските организации за итни демократски реформи (јули 2017), Патоказот за развој на граѓанското општество во Македонија 2018-2022 и други документи.

Со цел директно и суштинско учество на граѓанските организации во изготвувањето на новата Стратегија за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2018-2020, ги повикуваме сите заинтересирани граѓански организации активно да се вклучат со свои предлози за мерки и активности што сметаат дека треба да претставуваат дел од политиките на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор во наредниот тригодишен период.

 

Вашите предлози ги очекуваме до крајот на декември 2017 година, на следната адреса:

Генерален секретаријат на Владата на Република Македонија

Одделение за соработка со невладини организации

бул.Илинден бр.2

1000 Скопје

или на нашата e-mail адреса nvosorabotka@gs.gov.mk

Macedonian