20.2.
Primary tabs
20.2.Анализа за можностите за флексибилни работни ангажмани кога граѓанските организации вработуваат лица од ранливи категории – корисници на социјална помош како дел од нивното социо-економско интегрирање
Показатели |
Подготвена анализа за можностите за флексибилни работни ангажмани кога граѓанските организации вработуваат лица од ранливи категории-корисници на социјална помош како дел од нивното социо-економско интегрирање |
Надлежна институција |
Министерство за труд и социјална политика, Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество |
Рок на спроведување |
1 квартал 2023 |
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање |
Активностите ќе се вршат во рамките на редовните работни задолженија на вработените и одобрените средства во буџетот и со потенцијална донаторска поддршка во делот на подготовка на анализи |
Статус: Реализирано
Преземени активности: Во рамките на проектот Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија, финансиран од ЕУ, по спроведено истражување (прашалник дистрибуиран до граѓански организации) подготвен е документ „Граѓанските организации како работодавачи – справување со клучните предизвици во законодавството“ кој содржи општ преглед на правната рамка, клучни области кои можат да ја подобрат позицијата на граѓанските организации како работодавачи и план за консултации кој ги вклучува сите релевантни чинители во процесот на изнаоѓање на најдобри решенија за подобрување на позицијата на граѓанските организации како работодавачи.
Дополнителни информации: